Жичаните огради се изработуваат од универзално жичано плетиво. Поседувме нова модерна автоматска машина за изработка универзално жичано плетиво со капацитет од 120м2/час. Висина на мрежата може да биде од 80cm до 305см, големина на отворите од 50мм до 75мм.
Оградувањето со жичана ограда е наједностаен, најбрз и најефтин начин на оградување, кој е прилагодлив за различна конфигурција на теренот. Универзалните плетива од поцинкувана или поцинкувана и пластифицирана жица, наменети се за оградување на спортски игралишта, куќи и викендици, паркови, земјоделски површини, деловни објекти и др.